Ариана Гранде стана почесен граѓанин на Манчестер

од Vladimir Zorba

Американската пејачка Ариана Гранде е прогласена за почесен граѓанин на Манчестер откако помогна да се соберат милиони фунти во поддршка на настраданите од терористичкиот напад во градот, пишува “Тајмс”.На 22 мај во комплексот “Манчестер Арена”, за време на концертот на пејачката, беше извршен терористички акт. Загинаа 22 лица, вклучувајќи 12 деца.

Одговорност за крвавиот напад презеде терористичката група “Исламска држава”. На 4 јуни во Манчестер се одржа хуманитарен концерт “One Love Manchester” во поддршка на настраданите.

Ариана Гранде излезе на сцената со групата Колдплеј, Џастин Бибер, Кети Пери и многу други познати изведувачи. На концертот присуствуваа над 50 000 лица.
Собраните средства беа донирани во фондот, кој помага жртвите на терористичкиот напад. Вкупно беа собрани 10 милиони фунти.

Слични содржини