Атина го изрази своето „незадоволство“ до ЕУ во врска со построгите гранични контроли во балканските земји, поради кои илјадници мигранти останаа заглавени во Грција, соопшти кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.

officers-standoff-between-migrants-migrant-hungarian-reception_73efcba3-562f-11e5-a8da-005056b4648e

Во телефонски разговор со холандскиор премиер Марк Руте, чија земја претседава со ЕУ, Ципрас, исто така, се пожалил што бил изоставен од конференцијата која е планирано да се одржи утре во Виена, на која ќе учествуваат земјите по должината на балканската рута на мигрантите.

– Одлуките во врска со приливот на бегалци мора да бидат донесени заеднички, без исклучоци, му рекол Ципрас на Руте.

Слични содржини