Атина нема желба да се бори против миграцијата Виена не ги прифаќа заканите на Атина за вето. грк

“Заканата со вето од страна на Грција против членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ се крајно погрешни”. Ова го изјави австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц по повод заканите на властите во Атина против учесниците во денешниот форум во Виена. Австриската влада свикува денеска вонредна средба на министрите за надворешни и внатрешни работи на земјите од Западен Балкан, за да се постигне координација при ограничувањето на миграцијата.  Поканата е испратена од австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микл-Лайтнер и за надворешни работи Себастијан Курц. На форумот ќе присуствуваат уште министри од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија. На форумот во Виена ќе учествува и министерот за одбрана на Австрија Ханс Петер Доскоцил. Од него ќе отсуствува Грција, која изрази незадоволство од овој факт.

Средбата има за цел да прецизира политиката спрема мигрантите во т.н.. Балкански пат, откако властите во Виена воведоа ограничувања и дневни квоти на своите граници. Разговорите ќе се одржат ден пред состанокот во Брисел на министрите за внатрешни работи од Европската унија.

Грчкиот министер за миграции Јанис Музалас  ги предупреди синоќа земјите учеснички во денешниот форум дека Атина може да стави вето на одлуките што ќе  ги заземе ЕУ за нив. Според него понатамошното приближување на кандидатките за членство во ЕУ може да биде блокирано. Курц  го заштити денешниот форум и активностите на Австрија во однос на бегалската криза и истакна дека Виена  го поддржува европското  решение на кризата, но додека не се дојде до тоа, властите во Виена се принудени да земаат национални и регионални решенија.

Според него потребно е промена во системот за намалување на внесот на бегалци. “До сега Грција немаше подготвеност за намалување на бегалската бран … Грција отворено рече дека нема желба да го намали бегалскиот бран и дека сака да продолжи да  ги пропушта мигрантите”, истакна Курц. Австриското Министерство за внатрешни работи реагираше на критиките од Атина и соопшти дека денешниот форум има “јасен формат” и дека не се предвидува присуство на претставници од Атина.

Слични содржини