Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска го има првиот собир спроти квалификацискиот натпревар против Северна Ирска што треба да го игра на 13 октомври на гостински терен.

david-babunski-protiv-ffm-kje-se-boram-protiv-lugje-shto-go-lazhat-narodot-za-da-se-polnat-so-pari

Еден од предводниците на младата репрезентација, Давид Бабунски смета дека победата против Украина е многу значајна за самодовербата во тимот и притисокот за добар резултат.

– Среќен сум што повторно сме заедно во репрезентацијата. Имаме одлична екипа, добри фудбалери и самодоверба пред дуелот со Северна Ирска. За тимот е многу значајна победата на последниот натпревар против Украина, ќе се обидеме заеднички да оствариме нов успех. Овие неколку денови ќе ги искористиме целосно да се посветиме на репрезентативните обврски и максимално да ги следиме и исполнуваме насоките кои ги добиваме од стручниот штаб. Во Северна Ирска патуваме со една цел, да победиме и да го потврдиме квалитетот и сплотеноста која ја имаме во тимот,вели Бабунски.

Македонија предводена од селекторот Благоја Милевски попладне во 16:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе ја одработи првата од предвидените четири тренинг сесии во Скопје./ МИА

Слични содржини