Европската унија треба да е свесна дека Голема Албанија значи голема војна на Балканот. НА ова предупреди српскиот  министер  за социјала Александар Вулин, реплицирајќи им на Хашим Тачи и Еди Рама.

Ако ЕУ најмалку не осуди такво нешто, треба да се знае дека целата одговорност за идните настани ќе лежи врз него, додаде министерот.

Тој потсети дека косовскиот претседател Хашим Тачи бил терорист, коментирајќи го  вчерашното негово  мислење дека “сите Албанци во регионот ќе живеат во една држава, ако ЕУ ја затвори вратата за Косово”.

Пред него албанскиот премиер Еди Рама исто така предупреди дека иднината е во проширувањето и ЕУ за цел Балкан , ако не се случи проширувањето тогаш тој изјави дека не може да ја исклучи веројатноста за “сојуз” меѓу Косово и Албанија.

Српските функционери, како и десничарските и проруски медиуми  како во Србија, Бугарија така и во Македонија го апострофираат само делот  дека ќе имало сојузи и „војна на Балканот, а го игнорираат делот за ЕУ, впрочем како и изјавата на минстерот на Вучиќ.

Слични содржини