МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ   0 Берово, Битола, Скопје Пет., 1 Струмица, Д. Капија, 2 Скопје- Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Кр. Паланка, 3 Кавадарци, Штип, 4 Охрид, 5 Гевгелија, Виница, Маврово, 6 Тополчани, Пожар, Пожаране, Крушево, 7 Ѓуриште, Дојран.

куца

ВРЕМЕТО ДЕНЕС   Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб а повремено умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 16 до 22 степена.

Скопје, сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб повремено умерен ветер од северозападен правец. Највисоката дневна температура ќе достигне до 18 степени.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ  Сончево и релативно топло,  со мала локална облачност  и со слаб ветер претежно од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Утринските температури ќе се движат во интервалот од -3 до 7, а дневните од 17 до 23 степени.

Скопје претежно сончево и релативно топло со слаба утринска магла. Ќе дува слаб  ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 0 а дневната ќе достигне до 20 – иот степен.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Нашето подрачје и понатаму останува во поле на  зголемен воздушен притисок, така што  во текот на  роботнава  седмица  ќе преовладува сончево и релативно топло  време со мала до умерена облачност. По одделни котлини и речни долини ќе има и услови за појава на слаба утринска магла, особено утре.

Промена на временската состојба се очекува за време на викендот кога ќе има зголемување на облачноста, а во недела и повремени локлани врнежи од дожд.

Слични содржини