Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер се огласи по повод вчерашните апсења на високи функционери на организацијата која тој ја предводи.

blater-16

 

– Ова е тешко време за фудбалските навивачи и организација на ФИФА. Ние го разбираме разочарувањето во јавноста и свесни сме како ќе влијаат овие настани на начинот на кој многумина нас ќе не гледаат, изјави Блатер.

САД и швајцарските власти изјавија дека лидерите на ФИФА речиси 25 години се вклучени во корупцијата на сите нивоа на организацијата, и дека за тој период стекнале мито во висина од околу 150 милиони долари.

– Без оглед на тоа како овие настани ќе се одразат на организацијата, ние ја поздравуваме истрага и веруваме дека тоа ќе и помогне на ФИФА да ја искорени корупцијата. Таквото однесување нема место во фудбалот и ние ќе настојуваме сите тие кои се огрешиле пред законот да бидат надвор од игра, рече Блатер.

ФИФА вчера суспендираше 11 лица, меѓу кои и двајца заменици-претседатели, од сите фудбалски активности, во очекување на истрагата за корупција.

Слични содржини