„Блиц“: Во регионот најдобро се живее во Романија, Словенците со најголеми плати

од Vladimir Zorba

 

Најдобар однос меѓу просечната плата и потрошувачката кошничка во земјите од регионот има во Романија, се наведува во анализата на српски „Блиц“.

Stone-Scales-670x445

Според висината на платата, на врвот се Словенците, втори Унгарците, а трети Хрватите.

Според  критериумот за потрошувачка , зад Романија е Хрватска, па Унгарија, Србија, Македонија, Словенија, Црна Гора, Бугарија и последна е Босна и Херцеговина

Во Романија платата покрива речиси две потрошувачки кошнички, односно 1.8, во Хрватска тој сооднос е 1.60, во Македонија 1.36, додека во БиХ е 0.90.

 

Но според авторите на анализата, најреална слика би била онаа направена врз основа на Индексот на квалитет на живот, кој предвид ги зема не само стандардните показатели на начинот и квалитет на живот – БДП, плата, трошоци, туку и работи како што се здравството, домување, образование и политичка слобода.

Според тој Индекс, најдобар е животот во Словенија, а по неа следуваат Хрватска, Унгарија, Србија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и БиХ.

Слични содржини