По одбивањето на Грција да го прифати предлог документот на Еврогрупата кој Атина го нарече „апсурден и неприфатлив“ стигнаа остри реакции од Берлин.

hans-mihelbah

Влијателен пратеник од партијата ЦСУ од блокот предводен од канцеларката Меркел побара веднаш да се запрат сите трансфери на пари за Грција, јави дописникот на МИА од Берлин. Во електронската порака до медиумите Ханс Михелбах вели дека Европската унија треба да реагира на грчкото отфрлање на предлогот на членките на еврозоната.

Според него сите плаќања кон Грција мора да биде запрени веднаш а парите кои што ги контролира ЕУ да бидат задржани во залог како гаранција за плаќањето на грчкиот долг. Дополнително Европската Централна Банка (ЕЦБ) треба да ја запре секоја помош за земјата. Владата во Атина доби една недела да побара продолжување на договорот со кредиторите.

Доколку до идниот понеделник не се постигне некаков договор излезот на Грција од еврозоната може да стане реална опција која што дополнително ќе ја овозможат нациоаналните парламенти на еврогрупата кои што ќе немаат доволно време да верификуваат договор доколку тој биде направен подоцна. Парламентите на Германија, Финска Словачка и уште неколку други земји веќе најавија дека може да бидат против давање нови рокови и подобри услови за плаќањето на грчкиот долг.

Слични содржини