Бред Пит: Не сум склон кон самоубиство, тоа е само живот

од Vladimir Zorba

Не мина и месец од интервјуто на Бред Пит за списанието GQ, каде прокоментира разводот и алкохолната зависност и актерот се сретна и со новинар од Associated Press за време на промоцијата на новиот филм “Машината на војната” ( “War Machine”) со негово учество.

“Немам никакви тајни. Не верувам дека има што да кријам. Сите сме луѓе, а човечката состојба секогаш предизвикува особен интерес. Ако не зборуваме за нивните искуства, нема да се се почувствуваме подобро “, вели Пит.

Зборувајќи за семејството, тој признава дека сега ги чува сите свои сили за да “држи едрата на бродот” и да се разбере со поранешната жена и шесте деца.

“Децата се сите за мене. Тие ми се животот. Тие секогаш ќе бидат приоритет, така треба да биде “, вели Бред.

Ѕвездата раскажува и за својот нов филм. Признава дека покрај работата над ликовите разбрал многу за себе.

“Ароганцијата е стапица. Стапицата и за секоја голема нација, која долго време се обидува да биде број еден. Вие може да почнете да ја дишете сопствената смрдеа. Секој пат кога се наоѓав во неволја, се покажа дека е резултат од мојата гордост “, рече уште актерот.

На прашањето на новинарот за неговата сегашна внатрешна состојба, Пит рекол: “Сега не сум склон кон самоубиство или нешто слично”.

Тој признава дека го смета разводот како закономерна последица на своите постапки и независно од тоа како ќе заврши, планира да продолжи да оди напред.

Во блиска иднина плановите на Пит се поврзани со продуцентството. Сега работи над неколку проекти за кои наскоро ќе стане јасно.

Слични содржини