Во Мирјево, дел од Белград бил пронајден човечки труп, на кој му недостасувале рацете и нозете, тие биле брутално исечени. Полицијата ја опколи зградата.

 

Човекот Драго Машуловиќ(61) бил брутално убиен во подрумот на зградата во улицата „Јованка Радаковиќ„ во Мирјево. Како што дознава Блиц нему му биле ампутирани двете раце и нозе.

Драго е татко на поранешниот кошаркар на Црвена ѕвезда, Владимир Машуловиќ.Телото било пронајдено денеска во подрумот на зградата околу 13 часа.Полицијата цели шест часа го држела местото на злосторството како под опсада, на ниту еден станар не му било дозволено да влезе во зградата.

Убиениот Драго бил во центарот на вниманието на јавноста во мај 2009 година, кога поради неизмирени долгови кон неговиот син од 27 илјади евра ги зел кошеви од терените на КК Црвена Звезда на Калемегдан во Белград.

Слични содржини