Мартовските вежби на руската армија денес ја зафатија практично целата земја – од островот Сахалин на исток до енклавата Калининград на запад и од Арктикот на север до полигоните во Ерменија на југ.

Маневрите почнаа по наредбата во понеделникот во максимална борбена готовност на Северната флота и почеток на вежби со единици на Западниот воен округ и воздушно-десантните единици. Во Баренцовото Море три борбени групи со помош на авијацијата тренираат пронаоѓање на подморници на противникот.

Потоа објавената во вторникот Стратегиската командно-штабна вежба вклучи излез на отворено море на најмалку 20 брода од Балтичкиот флота и единици од Јужниот воен округ. Во Источниот воен округ почнаа вежби во Нижни Новгород со учество на над 1.500 луѓе кои почнаа маневри со стрелање.

183696128
По подигнатата тревога , се префрлија на “непознати полигони” на единици од копнените сили, авијација и специјалците во Централниот воен округ во Поволжието, Урал и Западен Сибир.

Во текот на вежбите кои ќе траат до крајот на неделата, во Калининградската област ќе бидат префрлени ловци бомбардери и ракетни комплекси “Искандер”.

Во средата во максимален степен на борбена готовност беа ставени моторизираните единици, тенкови, артилерија и противвоздушни поделби на островот Сахалин во рускиот Далечен исток, кои тренираат одбивање на морски десант.

Во рамките на истата големата вежба во Крим ќе бидат префрлени стратегиски бомбардери Ту-22М3, соопшти агенцијата “Интерфакс”. Во целосна борбена готовност се Црноморската флота и Маринскиот корпус.

Во маневрите учествува и руската база во Ерменија, која тренира престрелки во ноќно време и на надморска височина над 2.000 метри со ракетните комплекси за рафален оган “Град”.

zx450y250_2494124

Маневрите на противвоздушната одбрана на Јужна Русија со околу 2.000 војници почнаа на 5 март и ќе траат до 10 април. Вклучени се и руските бази во Абхазија и Јужна Осетија.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Русија, штабните вежби се предвидени во календарот за 2015 година “Во зимскиот период на обука, март е заситен со настани за борбена подготовка и покривање на контролни проверки”, објаснуваат од министерството.

Слични содржини