Централната банка на Кипар истражува дали има вмешано физички и правни лица во скандалот со Панамските документи и дали истите се поврзани со државата, објави весникот „Политис“.

Bank of Cyprus

Претставник на Централната банка Јанкос Димитриу изјави дека се преземаат мерки да се утврди дали кипарските банки применувале процедури за перење пари или финансирање на терористи.

Кипар е една од земјите кои фигурира во Панамските документи на фирмата „Мосак Фонсека“, која има канцеларии и на Кипар.

Слични содржини