Чешката невладина организација „Луѓе во неволја” ќе одвои 68.000 евра од својот фонд за итна помош на бегалците во Македонија и Србија, јави дописникот на МИА од Прага.

мигранти

Претставниците на организацијата, кои изминатите недели биле на македонската и српската граница сметаат дека бегалците се исцрпени и заради непознавање на јазикот и законите на земјите лесно стануваат жртви на поткуп и други злоупотреби на шверц бандите.

– Две македонски и една српска партнерска невладина организација меѓу бегалците ќе обезбедуваат вода и храна, психо-социјална и правна помош, како и информации за ризиците од шверц бандите. Ние ќе се фокусираме првенствено за заштита на жените и децата, објасни координаторката на „Луѓе во неволја”, Емануела Мацкова.

Околу 100.000 бегалци, повеќето од Сирија и другите конфликтни подрачја на Блискиот Исток, годинава преку Македонија и Србија се упатуваат кон Унгарија и Шенген зоната за слободно движење.

Унгарија во моментов гради четири метри висока и 175 километри долга ограда на границата со Србија, во обид да се спречи приливот на имигранти.

Според Обединетите нации (ОН) во наредните месеци се очекува само во Македонија секој ден да се упатуваат до 3.000 мигранти.

Од Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) Антонио Гутерес пред неколку дена беше упатена критика кон Европската унија за нејзините миграционата политика со барање за посолидарно разделување на товарот на бегалската криза.

Портпаролот на УНХЦР Мелиса Флеминг во Женева повика за помош на државите, како Грција, Македонија и Србија чии можности се исцрпени

Слични содржини