Чиолос одби бланко чек од Интер

од Vladimir Zorba

Диего Пабло Симеон го отфрлил празниот чек кој го му понудиле од Интер, за да го преземе тимот од следната сезона, соопштува весникот “Marca”.

Во минатата недела спортскиот директор на Интер, Пиеро Аузилио бил во Мадрид за да се сретне со Симеон и неговите претставници.

Чиолос добил конкретна понуда која била исклучителна како финансиски услови, но не успеала да го заведе Аргентинецот, кој останува верен на Атлетико Мадрид. Симеон го отфрлил неговиот предлог и категорично ја одбил можноста да го преземе Интер од следната сезона.

Иако добил гаранции дека ќе има целосна власт на трансферната политика, Симеон го одбил предлогот на Интер.

Чиолос даде збор дека ќе го води Атлетико и во следната сезона, во кој клубот ќе се пресели на новиот стадион, и држи ветувањето.

Слични содржини