По интензивни дипломатски напори во Минск беше постигнат договор за прекин на огнот во источна Украина. Рано е сепак за фанфари, предупредува во својот коментар Инго Мантојфел.
PUT1
Заврши полноќниот маратон, во кој германската канцеларка Меркел и претседателите на Украина, Русија и Франција – Порошенко, Путин и Оланд, преговараа за мир во источна Украина. Но сеуште не се е јасно. По завршувањето на средбата прва прес-конференција даде Владимир Путин, кој најави дека завојуваните страни се договориле примирјето да стапи на сила на 15 февруари. Подоцна оваа вест ја потврдија канцеларката Ангела Меркел и претседателот Франсоа Оланд.
Дали навистина ќе го прекинат огнот?

Несомнено можеме да се радуваме дека убивањето на луѓе во источна Украина ќе престане. Во сите случаи, сепак сме должни да зачуваме и големи резерви бидејќи сеуште не се знае што точно содржи договорот. На прв поглед изгледа дека договорот што можеме да го наречеме “Минск-2”, не ветува нешто многу повеќе во споредба со претходниот договор од Минск, склучен во септември минатата година. Тогаш исто така, имаше обврска за прекин на огнот и повлекување на тешкото оружје, но примирјето не се задржа долго. Поддржаните од Русија сепаратистите презедоа воена офанзива и освоија територии по целата должината на фронтот. Во центарот на бурата денес се наоѓа клучниот железничката јазол Дебалцево кој видливо е опколен од сепаратистите, додека во исто време украинската армија сосема логично не сака да го отстапи без борба.
Значи пробивот, постигнат во Минск, не треба да се преценува, бидејќи не е јасно дали примирјето кои треба да стапи во сила на 15-ти, воопшто ќе преживее. Да не заборавиме дека секој прекин на огнот има изгледи за успех само ако независни сили ја контролираат демилитаризираната зона меѓу завојуваните страни. Кога овој услов не е присутен, можеме да очекуваме дека борбите ќе продолжат.

Ако стравувањата се покажат оправдани

Германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Оланд заминуваат за неофицијалната средба на врвот на ЕУ во Брисел, каде што сигурно ќе им кажат на партнерите за договорот постигнат минатата ноќ заедно со Порошенко и Путин во Минск. Ако загриженоста за иднината на “Минск-2” се покаже оправдани и крвопролевањата во источна Украина навистина продолжат и покрај огромните дипломатски напори – тогаш на дневен ред повторно ќе излезат прашањата за нови санкции против Русија и за испораки на оружје за Украина.

Слични содржини