Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека треба да се вратат во Собранието

од Vladimir Zorba

Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека треба да се вратат во Собрание.

„Треба да се вратиме во Собранието“, рече пратеничката и претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

„Сметам дека Извршниот комитет вечерва ќе донесе вистинска одлука и за граѓаните и за Република Македонија во насока на НАТО и ЕУ, заложбите на партијата. Мој личен став е дека местото на најголемата и најсилната опозициска партија е во парламентот, таму треба да ги води стите битки, очекувам рационална одлука во вистински правец“ рече Богданов.

Пратеничката Ане Лашкоска изјави дека ќе се согласи со тоа што ќе одлуки партијата.

Партијата вечерва ќе одлучува дали пратениците ќе се вратат во Собрание, откако пред три месеци одлучи да не учествува во работата на Собранието бидејќи 12 отсто од нејзините пратеници биле во притвор.

Слични содржини