Демократскиот сојуз бара Трајко Вељановски вечерва итно да ги распише изборите !

од Vladimir Zorba

По одлуката за самораспуштање на Собранието на Р Македонија, претседателот Трајко Вељановски треба уште вечерва да ги распише изборите со цел ДИК, но и другите државни  институции да можат навреме да ги завршат обврските.

демократски сојуз хоризонтално

Независно што претседателот има можност уште неколку дека ( до 27.10 2016 год) да развлекува, сметаме дека е коректно и во интерес на сите граѓани  и партии тоа да го направи уште вечерва , со што ќе започнат да течат законските изборни рокови.

ds

Само за потсетување некои закони за да ги објават, заради итност, со авион ги носеа до Подгорица на потпис кај Ѓорѓе Иванов, а вечерва повторно се подготвува ујдурма , и е потребно распишување веднаш, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз

Слични содржини