Групата “Исламска држава” одвлече уште луѓе во Сирија, а бројот на заложниците овој пат е рекорден.20150226.rvgcmotqft

Откако вчера за заложници беа земени 100 лица во Ирак, денес 262 христијани од Сирија падна во канџите на исламистите, соопштува CNN. Луѓето се киднапирани откако ИД совладале редица асирски населби во северозападниот дел на Сирија. 262 лица се во заробеништво на сунитските екстремисти, соопшти Осама Едвард, основач на асирската мрежа за човекови права со седиште во Лондон.

“ИД продолжува да освојува уште асирски градови”, алармира тој. Бројот на киднапирани продолжува да расте. Во понеделникот беа заробени меѓу 70 и 150 лица. Во средата тие веќе беа 150, а меѓу нив има жени и деца. Според организацијата, тие се киднапирани од 11 села во провинцијата Ал-Хасака. Се претпоставува дека биле однесени во планината Абделазис, југозападно од Тал Тамер. Трагедијата во регионот е уште поголема, бидејќи илјадници семејства се принудени да бегаат од своите домови за да спасат живот.

Слични содржини