Севкупниот договор за иднината на иранската нуклеарна програма ќе биде објавен најрано во денска, откако во текот на викендот беа  договорени  главните прашања пренесе  The Guardian, повикувајќи се на западни дипломати од преговорите во Виена.

иран договрл

Дипломатите нагласуваат дека сеуште може да има изненадувања во последната минута од една од страните во преговорите, или измени во стилот на конечниот текст. Но, надвор од оние непредвидени пречки, посочуваат тие, остануваат за решавање само технички прашања.Според очекуваното Иран ќе го прифати договорот  за  ограничувањето на неговата нуклеарна програма во замена за обемно олеснување на санкциите. Техеран, исто така ќе прифати построг режим на инспекции на неговите нуклеарни објекти.Ова ќе е историски компромис по 12-годишно противење што на моменти се закануваше да доведе до нов конфликт на Блискиот Исток.

Слични содржини