Новоформираниот Родителски пленум денеска јавно упати покана за заедничката родителска средба во 17 часот на платото на скопската гимназија Јосип Броз.

11188467_485547441600087_5425150737829270524_n

„Заедничка родителска средба на родителите од сите училишта во Скопје и Македонија – да се запознаеме, да поразговараме за актуелниот бојкот и за ситуацијата во училиштата. Ве молиме, без партиски обележја и ставови – сите сме родители!

Сите четири досегашни пленуми (Студентски, Професорски, Средношколски, Наставнички) се залагаат за темелни, издржани и усогласени реформи во образованието како единствен и комплетен процес, од најниско до највисоко ниво. Нема причина Родителскиот Пленум да отстапи од овој став. СТОП за лошите реформи во образованието на сите нивоа!“, порачува Родителскиот пленум.

Слични содржини