Џенифер Анистон му се враќа на Џерард Батлер?

од Vladimir Zorba

Џенифер Анистон ја обнови својата врска со Џерард Батлер по разводот со Џастин Теру.

Ѕвездата на серијата Пријатели и нејзиниот сопруг минатата недела објавија дека одлучиле да се разведат по две години брак и вкупно 7 години заедно.

Сè почесто се шират гласини дека Џенифер повторно ја започнала својата врска со нејзиниот колега Џерард Батлер, со кого тие играа во заеднички филм во 2010 година.

Според изворот, двајцата не престануваат да разговараат еден со друг.

“Таа нема да се брза веднаш да влезе во нова врска, но таа е навистина трогната од Џерард што прави сѐ што може за да ја утеши”, вели тој.

Слични содржини