ДИК едногласно го усвои извештајот од експертската вкрстена анализа на базата на податоци на МВР со податоците од 10 институции, пренесе Телма.

Според податоците, сомнителни или неконзистентни се околу 310.000 гласачи.

Податоците се различни од извештајот што во четвртокот излезе во јавноста, а кои содржеа безмалку половина милион спорни гласачи. Повеќе членови на Комисијата оценија дека тоа бил прелиминарен извештај, во кој споредбата била правена со базата на државјани, а не според базата на МВР, кои се разликуваат за 120.000 лица.

Комисијата расправа поединечно за секоја категорија, за да одлучи дали ќе има теренска или административна проверка.

извор: Телма

Слични содржини