Димитров и Коѕијас очекуваат Нимиц да постави иницијална рамка со која ќе се напредне кон решавање на спорот за името

од desk4

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Солун се сретна со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас. Средбата беше во рамки на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба.

Како што информираа од МНР, на средбата министрите разговарале за унапредување на билатералните односи и соработката во поширок контекст.

– Министрите изразија заедничко очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари 2018 г., личниот претставник на Генералниот секретар на ООН г. Нимиц, ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името. МНР Димитров и МНР Коѕијас разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликата околу името, и се сложија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името, информираа од МНР.

Исто така тие разменија мислења поврзани со Мерките за градење доверба и други подготовки околу следните средби на високо политичко ниво меѓу двете земји.

Слични содржини