Партијата Демократска Обнова на Македонија (ДОМ) смета дека најрационално и најправично гласање на дијаспората ќе се овозможи со електронско гласање.

DOM_zname

Според партијата, со тоа ќе се обезбеди поголемо учество на дијаспората во изборниот процес, а истовремено и ќе се овозможи намалување на трошоците.

„Електронското гласање на дијаспората може овој пат да биде применето и како пилот проект за цела Македонија и подготовка за некои следни избори кога ќе имаме изградено силни и независни институции. За електронското гласање како најчиста опција за организирана земја, ДОМ има изградено свој став уште во 2013 година, по завршувањето на локалните избори, кога ДОМ настапи самостојно, освои 25.000 гласови, но и се соочи со изборни неправилности“, се наведува во соопштението на ДОМ.

ДОМ смета дека треба да остане можноста за гласање на дијаспората.

Слични содржини