Двајца членови на експедицијата што на 24 март го освои хималајскиот врв Анапурна1 го загубија животот при симнувањето од еден од најризичните врвови на светот, а останатите членови, меѓу кои и бил и македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ, со хеликоптер ќе бидат превезени до најблиската болница, затоа што сите се со смрзнатини и се физички и психички исцрпени, соопшти Федерацијата за планинарским спортови на Македонија на својот Фејсбук-профил.

Copy31
Дејановиќ, според ФПСМ, иако има смрзнатини на лицето и рацете поради температурата што достигнувала и до минус 50 степени, ја известил Федерацијата дека се чувстува добро.

Веста ја потврдува и агенцијата Асошиетед прес, повикувајќи се на непалската планинарска федерација. Загинале искусниот алпинист Самули Мансика (36) од Финска (на фотосот горе) и непалскиот шерпа Пемба (36).

Секој трет освојувач на Анапурна во просек го губи животот (35 отсто), поточно досега загинале 67 алпинисти, а го освоиле околу 200. Лани, 16 шерпи загинаа како логистика на експедиција што го освојуваше Монт Еверест.

„Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, официјално Ве информира дека Здравко Дејановиќ, на ден 24.03.2015 година, во 14.45 часот (по локално време) се искачи на Анапурна 1 (со висина од 8.091 метар).

Анапурна 1 е еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување, кој со бројка од само 192 искачувања до денес (без ова искачување) тоа го потврдува. Оваа експедиција е поддржана и делумно финансирана од Агенцијата за млади и спорт.

Но, сезоната за искачување на хималајските врвови над осум илјада метри започна на најлош можен начин. Двајца планинари, шерпата Пемба од Непал и Финецот Самули Мансика, од истата група во која се наоѓал и Здравко Дејановиќ, по успешното искачување на Анапуран 1, при спуштањето трагично го загубија својот живот.
Суровоста на природата и агонијата на ова искачување, а особено слегувањето од врвот по оваа голема несреќа ги надополнуваат големите лавини, во една од нив губат дел од опремата. Многу ниската температура од околу – 50 степени, следена со леден ветар, уште на врвот предизвикала смрзнатини на лицето и на рацете.

Поради големата исцрпеност, тимот изгубил многу време и бил принуден да преспие на 7.400 метри. Следниот ден продолжиле до кампот 4, каде што е реализиран и контакт со Здравко Дејановиќ, кој известува дека „сите членови имаат некакви повреди, психички и физички, а тој самиот има смрзнатини на рацете, но се чуствува добро“.Здравко Дејановиќ на ден 27.03.2015 година во 01.30 часот (по локално време) пристигна во базниот камп кадешто со хелихоптер, со другите членови, треба да биде превезен до болницата во Катманду, Непал“ пишува во соопштението.

Слични содржини