Државата на компаниите им должи 1 милијарда евра, вели Заев

од desk3

Се претпоставува дека институциите на локално и централно ниво на компаниите им должат 1 милјарда евра. Ова денеска го истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со претставници од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија.

zaev-vo-stopanska-komora-na-severozapadna-mk-860x680

Тој додаде дека има многу скриени долгови кои што не се знаат, но вети дека во првитте 100 дена од владата, доколку дојдат на власт, ќе ја објават таа сума.

– Една од работите која што ќе ја направиме е навремено да ги исполниме обврските кон компаниите и да ги расчистиме долговите кои се трупале со месеци. Барањето на повраток на данокот на додадена вредност во оваа држава се смета за грев, наместо пари ќе си добиете инспекции – истакна Заев.

Претставници од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, денеска разговараа со лидерот на СДСМ Заев и со Оливер Спасовски, Драган Тевдовски и Петре Шилегов за економската програма на СДСМ, но и платформата која што оваа комора им ја претстави на политичарите пред претстојните избори за подобрување на економијата во државата.

 

МЕТА

Слични содржини