Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред почетокот на Централното претседателство рече дека е мала можноста да има договор денеска.

– Ги разгледуваме опциите да останеме во опозиција, рече Ахмети.

Според него, се уште не е постигнат договорот дали ќе ги даде потписите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за тој да го добие мандатот од претседателот Ѓорге Иванов.

Како што претходно објави Локално.мк, многу е извесно целата пратеничка група на ДУИ да ги даде потписите за Зоран Заев и СДСМ,  а само Ахмети  да не го даде неговиот потпис, колку за поддршка на пријателството со ВМРО ДПМНЕ и колку за држење на јавност уште малку во неизвесност. Секако ваквото шалтање на ДУИ придонесува кон дигање на тензиите, и свесно, оставање простор за дејствување на ВМРО ДПМНЕ.

Пимплањето на Ахмети е во директно содејство со Никола Груевски колку за оддржување на нивната лична, а не партиска соработка. Кон крајот на денот се очекува одлуката на ЦП на ДУИ, која  може да има и двонасочна разврска, но тоа нема да го загрози формирањето на новата влада на Зоран Заев, бидејќи во коалицијата веќе има доволен број на потписи за парламентарно мнозинство.

 видео А1Он.мк

Слични содржини