Дваесет загинати и десетици повредени во несреќа на водопад во Гана

од Vladimir Zorba

 

Најмалку 20 лица загинаа, од кои повеќето средношколци, а 22 се повредени откако дрво паднало врз нив додека биле во посета на популарен водопад во Кинтампо, Гана.

Спасувачките екипи со моторни пили се обидуваат да го исчеат дрвото под кое сè уште има заробени лица.

Според сведочењата, најголем дел од присутните биле средношколци од средното училиште „Венчи Сениор“, но исто така имало и голем број туристи кога се случила несреќата./META

Слични содржини