Две лица заработија кривични оти им се спротивставиле на шумските полицајци

од Vladimir Zorba

sumska-policija

Две лица, 25-годишниот Џ.Ќ. и 28-годишниот А.Ќ. од Прилеп заработија кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во извршување на службено дејствие“.

Шумски полицајци, движејќи се по патот кон вештачкото езеро во близина на гарнизонот „Мирче Ацев“, ги забележале пријавените како превезуваат огревни дрва со две возила.  Истите направиле обид да ги легитимираат, и во тој момент Џ.Ќ. со возилото тргнал кон едниот полициски службеник со цел да го прегази, заканувајќи му се по животот.

Во текот на дејствието започнала да се собира поголема група на луѓе поради што полициските службеници процениле дека доколку продолжат со службените дејствија ќе биде загрозена нивната безбедност, по што се повлекле од местото на настанот

Слични содржини