На протестот кој во неделата во Белград го организираше Српското народно движење,,НАШИ“ и ,,Србски Образ“, зборуваше државјанката на Сирија Рима Дариоус Таа пред насобраните граѓани отворено зборува , од свој агол за состојбата во Сирија, бранот на мигрантите и односот на Запад кон тој проблем.  Говорот на  Рима Дариоус го пренесуваме во целост:

vnatresna_9187

„Драги пријатели,  овде сум денес пред вас како горд државјанин на Сирија. за да Ви ја презентирам состојбата во мојата земја.Некогаш бевме народ каде што луѓето се сакаа меѓусебно и се почитуваа. пред оваа војна наш најголем проблем беше Палестина.

Сакавме да ги решиме малите проблеми во однос на она што го имаме денес, проблемот со бирократијата и корупцијата во некои државни сектори. Не знаевме за неправда, тероризам ниту криминал.  Напорно работевме последните 10 години, пред оваа војна, и направивме големи чекори. Најважното е што немавме Сиријци како бегалци.

Имавме силен национален идентитет. Тоа што треба да го знаете Вие, е дека лицата кои можете да ги видете денес на улиците, на границите, на патиштата кон Германија или Холандија, не се прави Сиријци. Не сакам да ме разберете погрешно, јас го сакам мојот народ, но моите луѓе се оние кои се борат за нашата татковина.

Точно дека на мигрантите, бегалците, им е тешко, но на кој не му е тешко и кој не страдал во текот на оваа војна. Поради што остатокот во Сирија останува во земјата и продолжува да се бори? Ако тие се вистински бегалци тие ќе одбраа да одат во првото најблиско сигурно место, а не да се тепаат со унгарската полиција, затоа што сакаат да стигнат во Германија.
Дозволете ми да поставам прашање: Дали западот ги сака или не бегалците, или не сакаат да умираат по морињата? Зошто тогаш не ги стопираат своите санкции против сирискиот народ? Нивните санкции Сирија ја чинеа 143 милијарди долари!

Зошто Запад не им помогне на Сиријците да останат, зошто не и дадат подршка на  сириската војска да се ослободи од терористите, и Сирија повторно да биде сигурно место?  Зошто не помогнат да се обноват уништените куќи со парите кои ги трошат на мигрантите ? Тие сакаат да ја уништат Сирија и сирискиот народ. Тие ги земаат докторите и најдобрите студенти што ќе предизвика одлив на мозоци од една страна, а од друга страна мултинационалните компании посакуваат ефтина работна сила за да ја намалат платата кај луѓето.

Нашиот народ изгуби преку 100.000 војници во борбата против екстремистите, до сега не слушнавме дека Западот плаче по нив, за оние кои ги положија своите души во одбрана на нацијата оставајќи ги зад себе горди семејства, е тие заслужуваат  помош. Додека од друга страна западните медиуми ги сожалуваат само оние кои загинуваат во обидот да избегаат и да ја напуштат земјата, меѓу кои се и џихадисти кои имаат пари да платат повеќе илјади евра за таков пат.

Дозволите ми да Ви кажам дека парите што ќе ги плати едно семејство од пет члена , за да дојде во Европа се доволни да купат куќа во Сирија и тоа во заштитената зона каде што нема војна, да започнат нова работа и да живеат во добар животен стандард. Тие не се бегалци туку мигранти со економски мотиви пред се. После 5 години војна нашата морнарица сеуште ги исполнува своите меѓународни обврски. Нашето крајбрежје е доброчувано , одтаму ниту еден мигрантски брод не тргнува за Европа.

Уште еден тренд овие денови е дека во Европа се прифаќаат христијаните од Сирија. Тоа претставува празнење на првите христијански земји од христијаните…  Запад го напаѓа нашиот идентитет, нашето единство и суверенитет.

Ние со овие простори сме повеќе од поврзани, истите албански терористи од Косово, денес убиваат цивили во Сирија а тоа им го дозволуваат корумпираните политичари од САД и нивните сојузници во ЕУ.

Драги пријатели се што барам од вас е да стоите позади нас, бидејќи ние сме народ кој се брани и си ја сака својата држава.

Слични содржини