06.04.soobrakajka

Тешка сообраќајна незгода се случи утрово на стариот пат Охрид-Струга, во близина на селото Подмоље.

Според првичните информации, едно лице го загубило животот, а најмалку шест се повредени во директен судир на патничко моторно возило и минибус на транспортната компанија „Галеб“.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот, 26- годишна жена која починала на пат кон болницата „Свети Еразмо“. Од болницата информираа дека пациентот не давал знаци на живот, при што биле направени обиди за реанимација.

Возачот и патниците од минибусот се надвор од животна опасност. Дел од нив по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Несреќата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, но повеќе детали најави за подоцна.

Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид вршат увид на местото на незгодата, а патниот правец е во прекин./МИА

Слични содржини