Четирите најголеми политички партии постигнаа договор на 14 јули, со посредство на ЕУ, со што се смири политичката криза, која траеше шест месеци. Со договорот се поставува рамка на политички настани кои треба да претстојат во пресрет на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат во април 2016 година, пишува „Економист“.

liderska1

„Економист“ ги пренесува и сите точки кои се предвидени во договорот и анализира што ќе резултира од договореното и како овој договор влијае на целокупната политичка клима во Македонија. Директното мешање на ЕУ во организирањето на политичкиот живот, според весникот, покренува загрижувачки прашања во однос на суверенитетот на државата и може да заврши со поткопување на демократијата во земјата.

– Со оглед на вмешаноста на ЕУ во политичкиот живот на многу балкански земји, што  станува еден вид норма во последниов период (вклучувајќи ја и Грција), многу набљудувачи не ја доведуваат во прашање улогата на ЕУ. Но, сепак, таквото отворено мешање може и да не биде добро за демократијата во Македонија, оценува весникот.

Угледниот весник ги анализира и однесувањата на политичките лидери по постигнатиот договор, посочувбајќи дека и двете страни прогласија победа по потпитувањето на договорот.

– Опозицискиот лидер, Зоран Заев изјави оти техничката влада била една од клучните барања, со што ќе се овозможи на СДСМ да има влијание и моќ во Владата пред изборите, истовремено, и оставката на Никола Груевски беше едно од барањата на опозицијата.Од друга страна пак, господинот Груевски изјави дека успешното разрешување на политчката криза, ќе ја врати Македонија на евро-атланскиот пат и интеграција. Решавањето на политичката криза, според Иво Вајгл, словенечки пратеник во Европскиот парламент, ќе значи дека Македонија може да очекува зелено светло за отпочнување на пристапните преговори со Унијата, по речиси декада на подготовки, се наведува во текстот.

Иако договорот не прави ниту една од страните целосно среќна, според анализата, кохабитацијата до изборите закажани за април 2016 година е можна доколку партиите делуваат со добра волја.

– Најпроблематична точка за можно несогласување ќе биде именувањето на јавен обвинител на 15 септември, кој треба да го истражи скандалот со прислушувањето. Сите политички партии мора да се согласат со изборот на јавниот обвинител. Неуспехот да се договорат може да биде искористен за манипулација во политички цели, посочува „Економист“

Слични содржини