Еминем за првпат со брада

од Vladimir Zorba

Еминем ги изненади своите обожаватели на социјалните мрежи со кадар, на кој е со брада.

Тој позираше со Dr. Dre и Кендрик Ламар, а натписот гласи: “Група мажи од Кемптон и еден од Детроит. Со брада “. Низ годините Еминем наметна еден стил – со руса коса, капа и беспрекорно избричен. Е, сега визијата му е радикално поинаква и дефинитивно е прифатена од обожавателите.

Тројцата се собраа на премиерата на документарна серија на HBO “The Defiant Ones”. Таа го следи партнерството меѓу Dr. Dre и продуцентот Џими Јовин, во епизодите се појавуваат уште Гвен Стефани, Snoop Dogg и Брус Спрингстин.

Еминем секогаш бил беспрекорно избричен. Фото: Splash

Слични содржини