ЕВН Македонија соопшти дека почна итна изградба на привремена нова делница од 110 кВ далекувод во Драчево како единствено најбрзо решение на проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од оваа населба.

„Поставувањето на нов решеткаст 110 кВ столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица ќе трае повеќе дена, а во меѓувреме со привремената мрежа ќе се избегнат ограничувањата на потрошувачката во однапред одредени временски интервали. Со изградбата на двата портални дрвени столба ќе се активира Трафостаницата Драчево 1 ( 110/10 кВ) со што во целост ќе се надминат проблемите во снабдувањето“, се наведува во соопштението.

ЕВН Македонија истакнува дека за да се надмине ваквата состојба предизвикана од трета страна, работи на санирање на оштетениот столб, поставување на привремен нов далекувод и веќе двојно ја зголеми моќноста на Трафостаницата Драчево 2.

Слични содржини