Еврообврзницата одложена на неодредено, на барање на опозицијата, објави синоќа Ројтерс повикувајќи се на  еден од главните банкарски кредитори.То значи блокада на земање заеми и кредити за плати и пензии и други неконтролирани трошоци, кои по правило треба да произлегуваат од домашната еконимија а не од заеми и задолжувања.

euros

Издавањето на еврообврзината е одложено откако Кире Наумов од СДСМ упатил писмо според кое издавањето на евро-обврзницата, може да претставува кршење на одредени закони и прописи на Република Македонија.

Во писмото, било наведено дека земјава нема соодветен правен механизам за издавање на еврообврзницата и доколку се издаде, можно е да прекрши одредени закони и правила во Македонија.

Дали ќе има пари за плати и пензии?

dimitriev_3[1]

Премиерот Емил Димитриев вчера рече дека задолжување со еврообврзницата не е случај карактеристичен само за нашата земја.

– Целта е да се обезбеди ликвидност и навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери итн. Оваа сума гарантира една подолгорочна макрофинансиска стабилност на државата – рече Димитриев.

По ова се поставува прашањето дали со блокирањето на еврообврзницата е доведена во прашање навремената исплата на плати, пензии и социјални трансфери за што зборуваше премиерот Димитриев, и воопшто, дали економската состојба е толку лоша што единствен начин да се овозможи редовна исплата е преку задолжувања?

Демократскиот сојуз бара итна  екстерска влада

Блокадата на реализацијата на еврообврзницата во износ од 650 милиони евра, која Владата ја издаде, е сигнaл од потенцијалните кредитори дека независно од добивката тие сепак се одлучија да го послушаат гласот на народот и реакциите на медиумите, граѓанскиот сектор и партиите.

павле трајанов

Ваквата одлука е опомена до Владата и ВМРO-ДПМНЕ и ДУИ дека странските банки немаат намера да кредитираат систем каде се кршат правата на граѓаните (масовно прислушување) и изборните правила и високи функционери се вклучени во тешки облици на криминал.

Демократскиот сојуз оценува дека санкциите преку финансиска и економска изолација на Република Македонија ќе продолжат и ќе се зајакнат, поради што предлагаме да се формира експертска Влада, со мандат да ги стабилизира состојбите, спроведе реформи и создаде услови за избори, се вели во соопштението на партијата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, минатата недела апелираше банките да не ја купуваат оваа обврзница, во името на иднината на Македонија.-конференција-на-претседателот-Зоран-Заев1

Сепак, и тој рече дека е неопходно одредено задолжување.

– Од тие причини јавно апелирам преку овие камери, власта да ја промени одлуката од 650 милиони евра на не повеќе од 250 милиони евра. За тоа и ќе се потрудиме да имаме разбирање. Го кажувам јавно затоа што знаеме дека оваа Влада е неразумна и троши буквално забегано на глупости. Дојдено е да мора 250 милиони евра да се земат кредити, заради тоа што ќе банкротира државата. Но, 650 милиони евра ново задолжување на граѓаните, тоа е недозволиво – рече Заев.

Слични содржини