Фабрегас: Меси би бил број 1 и во Англија

од Vladimir Zorba

Халфот на Челзи, Цеск Фабрегас изјави пред средбата со Барселона од 1/8-финалето на Лигата на шампионите утре вечер од 20:45 часот по македонско време на „Стемфорд Бриџ“, дека најголемата ѕвезда на каталонците, Лионел Меси би доминирал и во Премиер лигата.

„Да, тој би бил и тогаш најдобриот. Без никакво сомневање, сосема сигурно“, одговори поранешниот играч на Барселона пред Goal.com на прашањето дали Меси би бил бр.1 во светот на фудбалот, ако некогаш играл во англиската Премиер лига. Фабрегас беше соиграч со Аргентинецот од 2011 до 2014 година во првиот тим на каталонците.

„Не сум разговарал со Меси, да бидам искрен. Сите сме под стрес за натпреварот. Пред ваквите состаноци, не треба да зборувате многу, туку да се даде сѐ на теренот. Се разбира, овој меч многу ми значи. Ќе бидат одлични средби и сигурен сум дека сите ние ќе уживаме во нив“, додаде шпанскиот репрезентативец.

Слични содржини