ФИФА во ерата на Блатер отсекогаш била потресена од скандали за лошо финансиско управување и корупција. И покрај сето сепак Швајцарецот секогаш излегува “чист” од скандалите, а само по ден е на пат да го освои петтиот мандат како претседател на светската фудбалска централа.

460x307

1998 година

“Владеењето на Блатер започнува”

По 17 години на врвот на светската фудбалска централа Жоао Авеланж е сменет на претседателската функција од Сеп Блатер, кој е избран за претседател со многу блиска разлика од шведскиот конкурент Ленарт Јохансон. Обвиненијата за мито тргнуваат брзо, но остануваат само гласини.

2001 година

“Несмасна организација”

Маркетинг партнер на ФИФА, швајцарската компанија “International Sport and Leisure (ISL)”, банкротираа со долгови од над 100 милиони долари, што ја става ФИФА во финансиски проблеми и се заканува Блатер да остане без работа уште пред крајот на првиот мандат. Истрагата на швајцарските власти и со задоцнување тоа на ФИФА, открива документи за мито во вредност од десетици милиони долари во комерцијалните трансакции на компанијата, но Блатер не е вмешан. Извештајот на ФИФА го одредува неговото однесување како “тешко”, но вели дека тоа не е “криминално или неморално”.

2002 година

“Влегување во рамките”

Генералниот секретар на ФИФА Мишел Цен-Руфинен, дава извештај и од името на другите членови на Извршниот комитет на организацијата на швајцарските власти, во кој го обвинува Блатер за лошо финансиско управување, конфликт на интереси и злоупотреба на власта. Блатер изгледа повеќе загрижен да го задржи сето “во кујната”. Во април 2002 година тој објави дека ја прекинал истрагата за финансиите на ФИФА, за да се заштити доверливоста на неколку членови, кои се обвинети за злоупотреби. Цен-Руфинен ја губи битката за власт и ја напушта ФИФА.

2002 година

“Реизбран покрај обвиненијата”

Иако има бунт од страна на некои од најдоверливи луѓе и нови обвиненија за корупција, Блатер е реизбран за претседател пред африканскиот кандидат Иса Хајату.

2004 година

“Етички Кодекс”

ФИФА создава прв етичкиот кодекс. Пред тоа, како што е наведено во извештајот во 2013 година по повод скандалот со ISL, немало етички правила, што и да значи тоа.

2006 година

“Профити, но без последици …”

Потпретседателот на ФИФА Џек Ворнер, претседател на фудбалската федерација на Тринидат и Тобаго е обвинет за масовни измами поврзани со ширењето на билети за Светското првенство во Германија, преку туристичка агенција, управувана од неговото семејство. Малку потоа ФИФА успева да го исчисти името на Ворнер, кој има добивка од еден милион долари и само изразува “незадоволство” од неговото однесување.

2007 година

“Третиот пат беше поради шармот”

Блатер работи непречено за трет мандат и ги спречи обидите на неколку потенцијални конкуренти и ја обезбеди потребната поддршка. Додека финансиската моќ на фудбалот – најбогатите клубови и натпревари – се во Европа, правилата на ФИФА даваат еднакви права на секоја земја при изборите за претседател. Тоа значи дека кандидатот нема потреба од Германија, ако веќе ја има поддршката, да речеме на Гвинеја, Гватемала, Гвајана и Гуам. Блатер доста добро разработува стратегија кој да ги привлече на своја страна. Година по година тој го обиколува светот, за да присуствува на конференции за “додворување” на раководители и најважно – да дава пари на ФИФА за локални проекти.

2010 година

“Се поголеми и поголеми скандали”

Обвиненијата за корупција, лошо финансиско управување и манипулација на Светските првенства, макар и да присуствуваат пред инаугурацијата на Блатер, веќе стануваат загрижувачки чести за време на третиот мандат. Изборите за домаќин на СП во 2018 и 2022 година ги креваат тензиите до небото. Критичарите не престануваат да предупредуваат дека изборите за домаќино се нарушени од самиот почеток, бидејќи во нив има купување гласови и други бенефиции, и на крајот токму тоа се случи. Некои дури и ги открија трансакции на другиите, уште пред гласањето,а двајца од членовите на Извршниот комитет – Амос Адаму од Нигерија и Рајна дТемарии од Тахити – беа исклучени, откако по истрагата на “The Sunday Times” се прошири снимка со тоа како двајцата сакаат мито за нивната поддршка. Подоцна стана јасно дека едниот побарал 2,5 милиони долари, а другиот – витешко звање. Откако ФИФА конечно одлучи да направи истрага, откако веќе Русија и Катар добија домаќинство за СП 2018 и СП 2022, седиштето потврди дека има одредени прекршувања на етичкиот кодекс, но генерално тоа не го спречи гласањето. Иследникот кој ја водеше истрагата напушти во знак на протест.

2011 година

“Уште една криза, последователен мандат”

Година подоцна дојде нова криза. Започна недели пред претседателските избори на ФИФА, кога потпретседателот на ФИФА и претседател на КОНКАКАФ Џек Ворнер имаше средба со кандидатот за претседател на ФИФА, Мохамед бин Амам од Катар и со шефовите на карипскиот фудбал. Бин Амам, поддржувач на Блатер при неговата прва кандидатура, реши овој пат да се натпреварува со него и средбата во Тринидат беше шанса за Бин Амам да купи неколку гласа за поддршка. Проблемот беше дека еден делегат, Фред Лун од Бахамите, доби плик со 40 илјади долари во него. Тој, сепак најави за тоа и објави слика со парите пред да ги врати. Околу триесетина вработени беа уапсени или добија забрани од ФИФА како резултат на плаќањата. Бин Амам отпадна од трката и Блатер беше избран за четврти пат, повторно без конкуренција. Со текот на времето сите казни беа дистрибуирани, скандалите од 2010 година и 2011 година доведоа до оставки на претседатели од четирите од вкупно шест регионални конфедерации на ФИФА.

2011 година

“Грешки од зборување”

Додека Блатер очигледно е виртуоз во политичките стратегии, негпвите грешните чекори во јавните говори му го срушија угледот на нешто блиску до дефиницијата “луд вујко”.

И покрај бројните и видливи докази во спротивното, тој тврдеше дека нема расизам во фудбалот и дека дури и некаде да има, фудбалерите едноставно мора да се ракуваат и да продолжат понатаму. Блатер стигна и подалеку во безумната реторика и ги посоветува хомосексуалните навивачи кои планираат да го посетат Катар, каде хомосексуалноста е кривично дело, едноставно да “се воздржат од секакви сексуални активности”, а во Арапските Емирати објасни како женскиот фудбал ќе се здобие со повеќе голема популарност, ако играчите носат тесни панталони. Секој пат по неговите коментари следеше извинување .

2015 година

“Апсењата во Цирих”

Апсењата на седум високи функционери на ФИФА во средата ја потресе светската фудбалска централа, само два дена пред изборите за нов претседател, каде Сеп Блатер очекува да го освои петтиот мандат. Рано во средата швајцарската полиција уапси неколку високи чиновници од ФИФА во Цирих по обвиненија за корупција и претстои да бидат екстрадирани во САД. Според американските судски власти станува збор за прекршоци, извршени во последните 20 години. Тие се однесуваат на неколку турнири за Светскиот куп и вклучуваат договори за маркетинг и рекламирање и најмногу за правата на телевизиите. Меѓу уапсените се потпретседателите на организацијата Џeфри Веб и Еухенио Фигередо, како и поранешниот потпретседател Џек Ворнер. Уапсени се исто Едуардо Ли, Хулио Роча, Костас Такас, Рафаел Екскивел, Хозе Марија Марин, Николас Леос, поврзани со спортскиот маркетинг Алехандро Бурзако, Арон Дејвидсон, Хуго Џинкис и Маријано Џинкис, како и Хозе Маргулис, кој ја играл улогата на посредник при нелегалните плаќања.

Слични содржини