Денеска и Македонците во Австрија излегоа на улица за да дадат поддршка на #протестирам

И Македонците во Велика Британија, попладнево, во Хајд Парк, во Лондон, во знак на солидарност со граѓаните на Македонија кои се борат за враќање на правната држава и за реанимација на демократијата, организираа протест „за мир, правда и демократски промени во Македонија“.

13084145_10206585058930596_2112878063_n

Со поддршка на пријателите на Македонија во Велика Британија, македонската заедница во Лондон протестира во знак на солидарност со граѓанските протести во Македонија за слобода, правда и еднаквост.

13090462_10206585057570562_770353201_n
Во соопштението на македонската заедница се изразува загриженост за политичките случувања во Македонија, се осудува одлуката на Ѓорге Иванов за амнестија на политичарите обвинети за измама, корупција и други сериозно криминални активности кои го повредуваат владеењето на правото и се изразува целосна поддршка на демонстранти.

Слични содржини