(ФОТО) Мелани без градник во поддршка на Трамп во втората дебата

од Vladimir Zorba

Мелани Трамп облече прилично храбра креација на брендот Gucci, додека го поддржуваше својот сопруг Доналд за време на дебатата со неговиот противник за претседателската функција Хилари Клинтон.2b92840bb85bb59ffd6a1ab8e46038bf

46-годишната убавица со словенечки корени ги фрапираше фотографите и јавноста со фактот дека пропушти да си стави градник под свилената кошула во циклама.

Мелани буквално го заслепи Бил Клинтон со страшниот, но прилично нахален изглед.

Поранешниот модел кој очигледно ужива во своите силиконски гради, одлучи да ги покаже своите средства со високо дигната глава, иако брадавиците ѝ ѕиркаа од под блуза.

Oна што е исто така “загадочно“ во целиот нејзин изглед, е прашањето дали изборот на тој модел на кошула е случаен или, пак, г-ѓа Трамп испраќаше и политичка порака. Имено тој модел на кошули со панделка на вратот во светот на модата се нарекуваат „Pussy Bows” (Mачкина Машна, но во англискиот јазик нагалената форма на зборот “pussy” односно маче, е многу покористен со значењето на женски полов орган), па останува мистерија дали Мелани сакаше да одговори на некаков начин на скорешните напади упатени кон нејзиниот сопруг поради претходната негова изјава со која ги нарекува жените токму со тој збор.

ap_16284036546736

Фото: gettyimages.com

Слични содржини