(ФОТО) После 2 години Жизел Бундхен и Том Брејди заедно на црвениот тепих

од desk2

Бразилскиот топ – модел Жизел Бундхен и нејзиниот маж NFL – играч Том Брејди, изгледаа весело расположени кога се појавија на премиерата на новата сезона на “National Geographic’s Years Of Living Dangerously” во “American Museum of Natural History” во Њујорк.e917d9adc476d1a913bf604361042a40

Убавата двојка изгледаше многу заљубено, тие дури беа облечени и во слични аутфити.1474571829-gettyimages-609630286

36- годишната Жизел во црно сатенско палто и црни панталони, а 39- годишниот Том во морнарско сино палто и исто така црни панталони.

Поранешната манекенка на “Victoria’s Secret” постираше слика на нејзиниот инстаграм профил од нив двајца, подготвени да се упатат кон претстојниот настан. Тие изгледаа слатко како и секогаш.gisele-tom-600

Тие двајца се запознаа на состанок на слепо во 2006 – тата година и се во брак 7 години.

Имаат 2 заеднички деца(6 – годишниот Бенџамин и 3- годишната Вивијан), додека пак Брејди има и 8 – годишен син, Џон, со актерката Бриџет Мојнахан.

Ова е прв пат, двојката да се појави заедно на црвениот тепих, по нивното последно присуство на “Met Gala” во Њујорк во 2014-тата.1474571918-gettyimages-488343545

“Слободното време е обично фокусирано околу децата. Знаете, проаѓате многу време со нив и се обидувате да бидете родители, што е многу важна улога во нашите животи. Што сакаат да прават тие, тоа го правите и вие. Се обидувате да ги поддржите нив, и нештата што тие ги прават и да ги охрабрите на различен начин.”- изјави Брејди во неодамнешно интервју за “ET”.

Очигледно е, дека со 3 деца, не останува многу време за посета на црвениот тепих.

 

Слични содржини