На средбата која се одвива во резиденцијата на ЕУ во Пржино е донесен нов вентилатор за ладење. По се изгледа се вжештува атмосферата додека траат преговорите во резиденцијата, каде еден час после лидерот на СДСМ, Зоран Заев пристигна и премиерот Никола Груевски.

11753816_10205921735735293_2117857289_n

Беше најавено дека преговорите ќе се одвиваат одделно, но и по пристигнувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Заев остана во резиденцијата.

Внатре во резиденцијата освен еврокомесарот Јоханес Хан се и тројцата европратеници, како и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли./Извор и фото А1Он

Слични содржини