(ФОТО) Учителка во градинка стана „Мис интернешнл“

од Vladimir Zorba

Филипинката Кајли Версоса која е модел и работи како учителка во градинка, беше крунисана како “Мис Интернешнл” во 56-тото издание на натпреварот за убавина во Токио, пренесе Ројтерс. Таа се претстави со фустан инспириран од црковна архитектура.af6c6fdaa17a2675add4f27bd102b25a

24-годишната Версоса ја претекна австралиската студентка Александра Британ која стана прва нејзина придружничка, и Индонезијката Фелисија Хван, го зазела третото место во еден од четирите најголеми конкурси за убавина во светот. Во овогодинешното издание учествуваа 69 претендентки за титулата.

Версоса е четврта Филипинка која ја зграпчува круната на “Мис Интернешнл”.

Видете слики од церемонијата во нашата галерија.

Слични содржини