Генерал Стојанче Ангелов ги повика сите жени присутни на собирот да се упатат кон МРТ и да им ги дадат снимките со разговорите.

zeniMRT3

Тој кажа дека е ова хипи револуција во која ќе се шири љубов, за разлика од омразата што ја шират власта и нејзините поддржувачи.

„Упатете се кон МРТ, да видам кое обезбедување и полиција ќе удри на вас“, рече Ангелов.

Сите припаднички на понежниот пол ги гушкаат полицајците пред МРТ и поминаа помеѓу нив. Им даваа снимени ЦД-иња со разговорите, но од Јавниот сервис не ги пуштија внатре, ги запечатија вратите.

zeniMRT

 

Актерот Сашо Тасевски пред насобраните стотици граѓани пред МТВ истакна дека секој од нас мора да се налути и да порача дека ова повеќе не се трпи.

„Не сум тука да ви кажувам за лошата состојба во државата, вие тоа го знаете. Но дали тоа го знаат новинарите и уредниците во МТВ? Одамна е пречекорен прагот на неутралноста, затоа мора да и помогнеме на Македонија. Тоа што треба да го направиме е многу да се разлутиме и да викнеме: ,,Јас сум слободен човек!“. Само така ќе покажеме дека нашата татковина има вредност и дека нема да дозволиме никој да ни ја гази. И јас кажувам, лут сум и ова нема да го трпам повеќе!“- рече Тасевски пред насобраните граѓани.

Потоа зборуваше и акерката Синоличка Трпкова која исто така кажа дека конечно мора да се стави крај на ваквото владеење.

„Наликуваме на циркус во кој дваесет тренери удираат со камшик по човечињата. Ова е дваесет и први век во кој се водат медиумски војни. Но каде е МТВ? Медиумот за кој сите ние плаќаме. Секојдневно се случуваат улични протести. МТВ молчи. Студентите ги окупираа факултетите, МТВ беше како мртовец. Секој ден слушаме за криминалот на власта, а МТВ ни збор да изусти. Напоменувам дека ова не е партиски собир, туку граѓански, и оти навистина ни е дојдено преку глава. Ги повикувам граѓаните да го разбудат храбриот генерал во себе.“- рече Трпкова.

Слични содржини