Француска новинарка загина при нападот во Мосул

од desk3

 

Француската новинарка Вероник Робер, почина од повредите, соопштуваат од AFP, цитирани од Фокус. При самоубиствените напади во ирачкиот град Мосул, при кој загинаа најмалку тројца а повеќе од 11 беа повредени, една од жртвите е и француската новинарка Вероник Робер.

Таа беше транспортирана до болница во Париз, но подоцна починала. Бомбаши-самоубијци  се разнеле во источниот дел на Мосул, во близина на ирачката армија.  Првиот бомбаш-самоубиец експлодирал кога бил осомничен од полицаец. Вториот напаѓач успеал да влезе во трговски центар и да се разнесе меѓу цивилно население, при што загинаа најмалку две лица и повредувајќи не помалку од девет. Третиот бомбаш-самоубиец е убиен од полицијата, пред да го активира појас со експлозив.

Слични содржини