Форумот на слободоумни патриоти сака да ја искаже својата загриженост за настанатата ситуација во државата и немилите сцени кои се случуваат, а предизвикани само со една одлука на лицето Ѓорѓе Иванов, со која тој ги ги аболицира сите протагонисти на кризата во Македонија и буквално ги ослободи од одговорност за сторените кривични дела, на тој начин ставајќи се и тој и оние кои беа аболицирани над Уставот и Законите во државата.

fsp-forum-na-slobodoumni-patrioti
„Сакаме да укажеме и на дел од последиците кои ќе произлезат од оваа одлука на Иванов, одлука со која само се продлабочи кризата, до степен до кој последиците се веќе катастрофални и работите излегуваат од контрола. За нас несватлива е реториката на Иванов, со која тој буквално ги наруши односите со голем број на држави со кој Рапублика Македонија градела пријателски односи и од кои сме имале поддршка на меѓународен план. Со ваквата одлука лицето Иванов ја втурнува Македонија во предфаза на меѓународна изолација со катастрофални последици. Не ни сакаме да веруваме дека е можно да дојде до укинување на визниот режим, повлекување на помошта за бегалската криза, како и целосно стопирање на поддршката на Македонија за прием во ЕУ и НАТО.

Како излез од кризата го предлагаме следното:

Лицето Ѓорѓе Иванов да престане да се однесува како мало дете, да престане да прави штета на угледот на Република Македонија и итно и безусловно да ја повлече одлуката.

Партиите да се вратат на спроведувањето на договорот од Пржино, како и кон имплементирањето на забелешките од Извештајот на ЕУ екпретската група предводена од Прибе и Венецијанската комисија.

Да се покрене иницијатива за укинување и трајно одземање на можноста да Претседателот на државата може да аболицира или помилува криминалци.

Сите инволвирани во криминал и корупција да подлежат на одговорност согласно позитивните законски прописи и за оние за кои ќе се докаже дека сториле кривично дела да се изрече мерка доживотна забрана со бавење со политика и да им се конфискува имотот.

Форумот на слободоумни патриоти сака да го повика раководството на ВМРО ДПМНЕ да прекина да ги злоупотребува и да се крие позади четирите свети букви. Мора да понесете одговорност за сите злодела кои ги направивте, а ако сте навистина невини како што тврдите бараме веднаш да ја одбиете аболицијата и доколку лицето Иванов продолжи да се инаети и да се однесува како мало дете, да ја поддржите иницијативата за негов импичмент. Не може Македонија да ја ставате заложник на вашите лични интереси, политичко опстојување и легализирање на криминалот кој го направивте, одбијте ја аболицијата и докажете го спротивноти“, стои во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Слични содржини