Она што се случува во Македонија е опасно не само за иднината на демократијата во земјава , туку и во целиот регион, тврди поранешниот медијатор во преговорите Питер Ван Хaуте, пренесува Телма.

13149983_10156820269110368_1573234182_n

Не може да зборува за шансите за повторни средби, но категоричен е дека прво мора да се се создадат услови за фер и демократски избори. Тука е вели и проблемот со аболицијата.

Според Ерван Руере, поранешен евроамбасадор во земјава инсистирањето на избори во вакви услови уште повеќе ќе ја влоши кризата во Македонија.За него аболицијата која ја прогласи претседателот Иванов е целосно без основа бидејќи порачува дека претседателот е над законот.

13152678_10156820268940368_1982205436_n

Во ваква ситуација време е за промени, вели Фуере кој ја истакна својата подршка за протестантите. Време е и галсно да се проговори, оцени Ван Хауте бидеќи според него, не треба да молчат ни граѓаните, но ни дипломатите токму за молчењето како злострорство зборуваа и останатиет говорници на третиот Tribunus Civilis.

13150077_10156820269250368_327194806_n

Според Фрчовски, интелектуалците и институциите прават огромна грешека бранејќи го својот комодитет не зборувајќи за диктатурата во сите сфери на општеството.

Овој режим ни одзеде 10 години од творештвото, рече режисерот Слободан Унковски. За него е исто така неприфатливо молчењето на неговите колеги, кои во интерес на неколку добиени проекти молшат пред сето она што се случува во културата.

Слични содржини