Гај Ричи откри: Разводот од Мадона беше болен како смрт

од Vladimir Zorba

Иако разводот тешко му паднал, Гај не жали што се венчал со пејачката. Ричи и Мадона во бракот ги добиле синовите Роко и Давид, а се развеле пред девет години. Британскиот режисер Гај Ричи (48) смета дека неговата бивша сопруга Мадона (58) е прекрасна мајка.

„Никој не може да каже ништо негативно за тоа како ги воспитува децата“- истакна Ричи. Раскажал дека му било многу тешко да се раздели од Мадона во 2008.

„Беше болно како смрт, но не жалам што сме се венчале“-вели Ричи, кој со пејачката ги има синовите Роко (16) и Давид (11). Нивниот син Роко минатата година беше притворен поради поседување марихуана. После инцидентот, родителите го натерале да пронајде работа па се вработил како доставувач. Минатиот Божиќ Роко отишол кај својот татко и неговата жена Џеки за Божиќ па оттогаш не сакал да се врати кај Мадона во Њујорк. Пејачката и нејзиниот бивш се бореле девет месеци за старателството, но Роко сепак останал да живее кај таткото.
С.В.

Слични содржини