“Оскарите” се претворија во семејна собиранка. Многу од ѕвездите во Холивуд дојдоа на престижната церемонија со своите мајки, татковци или браќа и сестри, а не со партнерот.21c5e5bd58bdab6f5e825111b9734f09 (1)

Лупита Нионго го доведе својот брат Петар.Жешката актерка Дакота Џонсон (“Педесет нијанси сива”) ја одведе на “Оскарите” мајка си – холивудската легенда Мелани Грифит.

Лора Дерн прошета по црвениот тепих со нејзиниот татко – Холивудскиот ветеран Брус Дерн (Лора беше номинирана за улогата во “Wild”). Патриша Аркет (таа зеде статуетка за најдобра споредна женска улога за улогата во “Адолесценцијата”) дојде со поголемата сестра – актерката Роза Аркет, како и со 11-годишната ќерка Харлоу.

Интересно е дека Ема Стоун, која исто така беше меѓу номинираните актерки за учеството во “Брдмен”, не дојде со дечкото Ендру Гарфилд на сјајниот настан, туку со мајка си Криста.

Младиот актер Ансел Елгорт кој се врзува со филмот “Вината во нашите ѕвезди”, ја доведе мајка си на “Оскарите”, а истото важеше и за Бредли Купер, кој традиционално ја води на настанот својата мајка Глорија.

Видете во галеријата кои други ѕвезди ги доведоа не своите партнери, туку нивните роднини на церемонијата.

Слични содржини