Висок претставник на германската социјал-демократска партија СПД денеска изјави дека партиското членство најверојатно ќе го одобри формирањето на нова, трета широка коалиција со Ангела Меркел.


Партискиот лидер Мартин Шулц вчера ја отвори можноста за влез во нова широка коалиција, но најави дека СПД претходно ќе ги консултира своите членови за оваа можност. Во интервју за весникот „Пасауер Ноје Пресе“, членот на извршниот одбор на СПД Нилс Анен оцени дека членството веројатно ќе се согласи на уште една таканаречена ГроКо (голема коалиција).

Главниот отпор на коалицирањето со Меркел доаѓа од младото крило на партијата, но Шулц најави дека ќе очекува овие политичари да бидат верни на одлуката што ќе биде донесена од членството.

СПД забележа драматичен пад на популарноста под раководство на Зигмар Габриел и Мартин Шулц, во периодот на широката коалиција со партијата ЦДУ на Меркел од 2013 до 2017 година.

Ова беше втора широка коалиција на партиите кои треба да се главните противници на германската политичка сцена откако Меркел стана канцелар во 2005 година. На изборите во септември, СПД освои 153 места во Бундестагот, дури 40 помалку отколку на изборите во 2013 година. Шулц соопшти дека падот на популароноста на неговата партија се должи на губењето на партискиот идентитет во улогата на помал коалициски партнер на Меркел и рече дека СПД ќе оди во опозиција.

Но, Меркел исто така загуби многу места во Бундестагот, на сметка на националистичката партија АФД и на либерал-демократската партија ФДП. Поради изборниот дебакл, СПД Меркел се обиде да формира коалиција со ФДП и со Зелените, но преговорите пропаднаа поради непомирливоста на ставовите со ФДП.

Стравувајќи дека нови избори ќе доведат до уште поголем подем на партијата АФД, која свои 94 пратенички места и при своето прво влегување во Бундестагот веднаш стана трета политичка сила во Германија, претседателот Франк Валтер Штајнмаер предложи средба меѓу ЦДУ и СПД и нова „ГроКо“ коалиција.

Слични содржини